• среда, 27 ноември 2024

Отворање Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Клиниката за хематологија

Отворање Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Клиниката за хематологија

Скопје, 25 јануари 2024 (МИА) - На Универзитетската клиника за хематологија, на целосно нов кат на површина од 800 метри квадратни, денеска ќе биде отворен Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки.

Центарот, како што соопштија од Министерството за здравство, е донација на Амбасадата на САД, кои преку Европската команда на американската армија финансиски ја поддржаа изградбата со милион евра. Останатите средства се обезбедени од Фондот за здравствено осигурување со поддршка од Министерството за здравство и Владата.

По тој повод, обраќања ќе имаат министерот за здравство Фатмир Меџити, Ерик Мејер, заменик шеф на мисијата на САД во државава, првиот вицепремиер Артан Груби, министерката за одбрана Славјанка Петровска и директорката на Клиниката за хематологија д-р Ирина Пановска Ставридис. цр/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан