• понеделник, 23 декември 2024

Отворање на Re: store - центар за рестилизирање на стари модни парчиња во „Лабораториум“

Отворање на Re: store - центар за рестилизирање на стари модни парчиња во „Лабораториум“

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) - Во Културно едукативниот центар „Лабораториум“ денеска повторно ќе биде отворен Re: store, центарот за рестилизирање на стари модни парчиња.

Re: store ја започна својата приказна во скопското Дебар маало во 2012 година, со мисија да го дефинира концептот на продажба на употребена облека и да биде креативен простор за редизајнирање на дизајнерска облека, но и да понуди платформа за младите македонски дизајнери.

- Денес, во средина каде доминира „fast fashion“, Re: store повторно нуди алтернатива која во исто време е стилска и одржлива. Како надополнување на “Лаб дизајн маркетот“, Re: store ќе работи во насока да придонесе свесност во консумирањето поткрепено со верувањето дека модата треба да биде начин на изразување, а не придонес за формирање депонии, велат од „Лабораториум“.

Како што дополнуваат со избор на уникатни парчиња од втора рака, всушност се избира намалување на побарувачката за ново производство, а со секое продадено парче, Re: store промовира циклус на повторна употреба што поддржува бавна мода и еколошка свест.

Re: store ќе работи во склоп на „Лаб дизајн маркет“, од вторник до сабота од 12 до 18 часот во Културно едукативниот центар „Лабораториум“, на булевар Св. Климент Охридски 68, Скопје.ар/са/

Фото: Лабораториум

Остани поврзан