• вторник, 24 декември 2024

Одбележување 22 години од формирање на Единицата за брзо распоредување

Одбележување 22 години од формирање на Единицата за брзо распоредување

Скопје, 23 август 2023 (МИА) - Денот на Единицата за брзо распоредување - 23 Август денеска ќе биде одбележан на две локации, во Куманово и во Скопје.

Во кругот на СВР Куманово во 09:30 часот ќе биде откриено спомен обележје на 8-те загинати припадници на македонската полиција, кои ги положија животите во 2015 година во вооружена престрелка со терористичката групација во кумановско „Диво Насеље“, а во одбрана на Куманово и татковината.

Како што информира МВР, од 09.30 до 12.30 на Градски парк кај автобуската станица граѓаните и најмладите ќе имаат можност да се дружат со припадниците на македонската полиција, каде ќе биде изложена и опрема на ЕБР според концептот „МВР за граѓаните“.

Централната прослава на свеченоста по повод одбележувањето на 22-годишнината од формирањето на Единицата за брзо распоредување е закажана на паркингот пред базенот во Куманово со почеток од 19:00 часот. Најавени се обраќања на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и на Вице Столевски, командант на Единицата за брзо распоредување. 

Во Скопје, во базата во Ѓорче Петров ќе биде положено цвеќе на спомен-плочата на загинатите и починати припадници на ЕБР. 

- Ве повикуваме да дојдете заеднички да го прославиме Денот на формирањето на Единицата за брзо распоредување. Ние го продолжуваме веќе поставениот концепт „МВР за граѓаните“, се наведува во соопштението од МВР. мд/цр/

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан