• понеделник, 23 декември 2024

Одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Скопје, 21 февруари 2024 (МИА) - Во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, денеска со почеток во 12 часот ќе биде одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Овој ден ќе биде одбележан и на Лекторатите по македонистика на странските универзитети во светот каде што ќе биде одржан „Македонистички час“.

Поздравни обраќања на настанот во Институтот за македонски јазик ќе имаат министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и директорката на Институтот, професор д-р Елена Јованова-Грујовска и професор д-р Борче Арсов, научен советник при Институтот.

По завршувањето на настанот е превдидена и посета на спомен-собата на Мидирков.

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска, исто така, организира „Македонистички час“ на Лекторатите по македонистика на странските универзитети во светот.

Меѓународниот семинар при УКИМ има единаесет Лекторати по македонски јазик, литература и култура во Турција (Инстанбул), Унгарија (Будимпешта), Полска (Краков и Сосновјец), Руската Федерација (Москва), Хрватска (Риека), Анкара (Р Турција), Романија (Букурешт), Франција (Париз), Пекинг (Народна Република Кина) и Тирана (Р Албанија).

Меѓународен ден на мајчиниот јазик е ден на кој се одбележува мајчиниот јазик во земјите. Прогласен е на XXX седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1999 година. ар/нд/

Фото: Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, Меѓународен семинар за македонски јазик

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан