Новоименуваниот постојан координатор на Обединетите нации Рита Колумбиа ќе се сретне со Гаши
- Новоименуваниот постојан координатор на Обединетите нации во земјава Рита Колумбиа денеска ќе го посети Парламентот.

Скопје, 26 септември 2024 (МИА) - Новоименуваниот постојан координатор на Обединетите нации во земјава Рита Колумбиа денеска ќе го посети Парламентот.
Како што информира собраниската прес-служба, Колумбија ќе се сретне со претседателот на Собранието Африм Гаши.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на 18 овој месец ја прими Колумбиа и разговараа за тековните активности и проекти кои со поддршка на Организациите на ОН се реализираат кај нас, како и за спроведувањето на рамката за соработка 2021-2025, како главен стратешки документ што ја утврдува работата на системот на ОН во земјава, а во согласност со националните развојни приоритети. мд/аа/
Фото: Принтскрин