Научно-стручна расправа „Наставничката професија во современиот образовен и општествен контекст“
- Во чест на патрониот празник на факултетот „Св. Климент Охридски“ – Скопје, денеска ќе се одржи научно-стручна расправа на тема „Наставничката професија во современиот образовен и општествен контекст“.

Скопје, 7 декември 2023 (МИА) - Во чест на патрониот празник на факултетот „Св. Климент Охридски“ – Скопје, денеска ќе се одржи научно-стручна расправа на тема „Наставничката професија во современиот образовен и општествен контекст“.
На научно-стручната расправа, што ќе се одржи во салата на Ректоратот на УКИМ, како што соопшти Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ Скопје, ќе се обрати министерот за образование и наука, ректорката на УКИМ, а ќе учествуваат професори од високото образование, претставници од надлежните институции и од меѓународните организации, невладниот сектор и практичари од наставата. дма/бак/
Фото:МИА архива