• вторник, 24 декември 2024

Научен собир за 80 години од првиот број на весникот „Нова Македонија“

Научен собир за 80 години од првиот број на весникот „Нова Македонија“

Скопје, 29 октомври 2024 (МИА) - Во Горно Врановци, Општина Чашка, денеска ќе се одржи научен собир на тема „80 години од излегувањето на првиот број на весникот ’Нова Македонија’“.

Организатори на собирот се Институтот за национална историја и Матица на иселениците од Македонија, а покровител е Општина Чашка.

Како што е најавено, на собирот свои трудови ќе презентираат македонски историчари и долгогодишни новинари на теми од историјатот и содржините во нашиот новинарски печатен првенец.

Ќе присуствуваат и македонски иселеници кои живеат и работат во Измир, Турција, кои потекнуваат од Горно Врановци.

„Нова Македонија“ е првиот македонски дневен весник, основан со решение на Президиумот на АСНОМ. Првиот број е објавен на 29 октомври 1944 година во селото Горно Врановци, каде што денес се наоѓа првата печатница, претворена во музеј. хс/са/

Фото: Општина Чашка

 

Остани поврзан