• сабота, 14 февруари 2026

Премиерот Мицкоски на 62. Минхенска безбедносна конференција

Премиерот Мицкоски на 62. Минхенска безбедносна конференција

Скопје, 13 февруари 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски од денеска престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде што ќе учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.

Мицкоски е придружуван од министрите за одбрана, Владо Мисајловски, за надворешна политика и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Во рамките на конференцијата шефот на Владата ќе оствари повеќе билатерални средби со европски лидери, високи претставници и раководители на меѓународни безбедносни институции. Разговорите, како што информираат од Владата, ќе бидат фокусирани на регионалната геополитичка стабилност и улогата на Северна Македонија како фактор на стабилност на Западен Балкан и активен член на НАТО.

На маргините на Минхенската безбедносна конференција се планирани и средби со високи претставници на Европската Унија, како и со шефови на држави и влади, најави владината прес-служба. бк/лв/

фото: МИА

Остани поврзан