Министерот за безбедност на БиХ во посета на Северна Македонија
- Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија.
![Министерот за безбедност на БиХ во посета на Северна Македонија](https://mia.mk/index.php/images/20230311180512_big_730x400_37.webp )
Скопје, 12 март 2023 (МИА) - Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија.
Нешиќ ќе се сретне со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а по средбата што ќе се одржи во Министерството за внатрешни работи, најавени се изјави за медиумите. бак/