• понеделник, 23 декември 2024

Министерот Бектеши на конференцијата #EconLit2023 во Тетово

Министерот Бектеши на конференцијата  #EconLit2023  во Тетово

Скопје, 18 февруари 2023 (МИА) - Во организација на Институтот Либерална алтернатива и Economic Fundamentals Initiative од САД денеска во Тетово ќе се одржи конференцијата #EconLit2023. 

На конференцијата ќе стане збор за економската писменост и образование, ќе дискутираат експерти, а ќе учествува и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Предвидени се три сесии на различни теми. Во фокусот на првата сесија ќе биде моменталната состојба на економската писменост во Северна Македонија и ќе се идентификуваат сите предизвици или иницијативи за нејзино подобрување, втората сесија ќе се осврне на квалитетот и ефективноста на економското и финансиското образование во средното и високото образование, вклучувајќи ги и најдобрите практики за предавање на овие концепти, додека тема на третата сесија ќе биде прашањето - како економското и финансиското образование може да се искористи за поттикнување на претприемништвото и иновациите.

-Целта на конференцијата е да промовира поголемо разбирање на економските концепти и да го поддржи развојот на ефективни интервенции за економска писменост во Северна Македонија, наведуваат организаторите.

Пред почетокот на настанот се планирани изјави за медиумите. мч/дма/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан