• вторник, 24 март 2026

МИМ ќе ги додели новинарските награди „Никола Младенов 2025“

МИМ ќе ги додели новинарските награди „Никола Младенов 2025“

Скопје, 24 март 2026 (МИА) - Македонскиот институт за медиуми (МИМ) денеска ќе ги додели новинарските награди „Никола Младенов 2025“.

На настанот ќе бидат доделени прва, втора и трета награда за најдобра истражувачка сторија. На годинашниот конкурс објавен на 27 јануари и траеше до 17 февруари пристигнале 42 стории, обработени во 122 текста/видеоприлози.

Како што информираат од МИМ, по повод 25-годишнината од доделувањето на наградите, на почетокот ќе се одржи панел со новинари истражувачи, кои ќе зборуваат за искуствата и предизвиците со кои се соочуваат.

Наградите за најдобра истражувачка сторија МИМ ги доделува традиционално од 2001 година, а од 2013 година наградата го носи името на угледниот новинар Никола Младенов. фф/са/

Фото: МИМ

Остани поврзан