• четврток, 09 април 2026

Меѓународна работилница „Ревизија на животната средина и ревизија на целите за одржлив развој“

Меѓународна работилница „Ревизија на животната средина и ревизија на целите за одржлив развој“

Скопје, 8 април 2026 (МИА) - Државниот завод за ревизија во соработка со меѓународната програма ОЕЦД - СИГМА, ќе одржи меѓународна работилница „Ревизија на животната средина и ревизија на целите за одржлив развој“.

На отворањето на настанот ќе се обратат Максим Ацевски, главен државен ревизор на Северна Македонија и Бјанка Бретеше, заменик-директор на програмата ОЕЦД-СИГМА.

Како што најавија организаторите, настанот ќе ги собере челниците и експертите од врховните ревизорски институции од Словенија, Србија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Украина.

Во рамки на дискусиите ќе бидат презентирани најновите меѓународни искуства во справувањето со еколошките предизвици, како и првиот глобален стандард за известување за климатските промени во јавниот сектор, издаден во јануари 2026 година.

-Во време кога еколошките предизвици имаат директно влијание врз економијата и квалитетот на животот, од суштинско значење е улогата на врховните ревизорски институции во обезбедувањето транспарентност и отчетност при спроведувањето на јавните политики за одржлив развој, стои во соопштението на Државниот завод за ревизија. нд/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан