• петок, 05 декември 2025

Локален економски развој во фокусот на средбата меѓу СКСЗМ и СДСМ

Локален економски развој во фокусот на средбата меѓу СКСЗМ и СДСМ

Скопје, 8 октомври 2025 (МИА) - Во пресрет на изборните процеси, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) денеска ќе одржи средба со политичката партија СДСМ, во рамки на традиционалните консултации со политичките субјекти.

Средбата, како што велат од СКСЗМ, има за цел да ја претстави Платформата за локален економски развој на Комората и да ги изложи ставовите и приоритетите на бизнис заедницата пред политичките чинители.

Предвидени се изјави за медиуми од в.д. претседателот на СКСЗМ, Нухи Аљиу и од претседателот на СДСМ, Венко Филипче. дма/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан