Старото училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно ќе стане Центар за промоција на македонскиот јазик
- Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе изврши увид во проектот за реконструкција и адаптација на објектот на старото училиште „Димитар Влахов“ во преспанското село Љубојно.

Ресен, 18 март 2024 (МИА) - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе изврши увид во проектот за реконструкција и адаптација на објектот на старото училиште „Димитар Влахов“ во преспанското село Љубојно.
Како што најавија од Министерството за култура, заедно со Костадиновска-Стојчевска увид ќе извршат и директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Јованова-Грујовска и професорот од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и претседател на Советот за македонски јазик, Људмил Спасов.
Старото училиште „Димитар Влахов“, како дел од споменичната целина Љубојно, е во режим на заштита од 2020 година. По неговото автентично обновување, ќе биде „Центар за промоција на македонскиот јазик“.бт/ев/
Фото: МИА Архива