• петок, 08 ноември 2024

Концерти на „Сетстат“ и „ПМГ колектив оркестар“ во Софија

Концерти на „Сетстат“ и „ПМГ колектив оркестар“ во Софија

Скопје, 5 октомври 2023 (МИА) - Македонските бендови „Сетстат“ и „ПМГ Колектив Оркестар“ вечер во Софија, Бугарија, ќе одржат концерти во клубот „Синглс“, лоциран во Националната палата за култура, со почеток во 20:00 часот.

Концертите на „Сетстат“ и „ПМГ Колектив Оркестар“ се реализираат како дел од концертната серија на дводневниот музички настан организиран од „Аларма Панк Џез“ од Софија во соработка со музичката програма „Христо Ботев“ при Бугарското Национално Радио.

- Првиот ден (5 октомври) е македонска музичка вечер, а со концертите на „Сетстат“ и „ПМГ Колектив Оркестар“ го претставуваме и македонскиот фестивал за џез и светска музика „Крај Вардарот Џез“ пред тамошната публика. Со ова гостување воспоставуваме континуитет на меѓународната соработката во полето на современата, џез и светска музика помеѓу музичари, продуценти и културни актери од Македонија и Бугарија, започната во 2022 година со гостувањето на бугарскиот состав „Спејс Трио“ како дел од програмата на третото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Скопје, велат од македонските бендови.

Концертно гостување на „Сетстат“ и „ПМГ Колектив Оркестар“ е поддржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија и се реализира во партнерска соработка со „Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија“. ир/са/

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан