• недела, 28 јули 2024

Комитетот за односи меѓу заедниците во работна посета на Општина Oхрид

Комитетот за односи меѓу заедниците во работна посета на Општина Oхрид

Скопје, 17 март 2023 (МИА) - Комитетот за односи меѓу заедниците ќе престојува во работна посета на Општина Oхрид, каде ќе се сретнат со градоначалникот Кирил Пецаков, претседателот на Советот и советниците на општината.

Како што информираат од собраниската прес-служба, посетата е со цел реализација на Програмата за работа на Комитетот за 2023 година за соработка со комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво.

-Комитетот за односи меѓу заедниците се грижи за функционирањето за комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво и презема мерки за подобрување на нивното работење и координација со Комитетот, посочуваат од Собранието.фф/лв/

Остани поврзан