• четврток, 12 септември 2024

Комеморација за актерката Снежана Стамеска

Комеморација за актерката Снежана Стамеска

Скопје, 12 септември 2024 (МИА) - Комеморацијата во чест на починатата актерка Снежана Стамеска ќе се одржи денеска во 12 часот во фоајето на Драмски театар.

Стамеска беше првенка на Драмски театар Скопје и една од ведетите на македонското глумиште. Дипломирла на Театарската академија во Белград во 1970.  

Од нејзиното вработување во 1971 до пензионирањето во 2010 Стамеска беше член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Низ исклучително плодната актерска кариера одиграла преку седумдесет улоги во матичниот театар и на сцените на неколку други македонски театарски куќи.

Таа реализираше многу значајни телевизиски и филмски улоги.

Исклучителната популарност Снежана Стамеска ја стекна во одумдесетите и деведесетите години кога публиката ја засака во улогите на Пандора во Солунски патрдии (1979), Вера во Диво месо (1979), Сина во телевизиската серија Трст виа Скопје (1987), Вера во Среќна Нова '49 (1985),  и  Паца во Викенд на мртовци (1985). ар/нд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан