• среда, 27 ноември 2024

Кампања за бесплатна правна помош во Битола

Кампања за бесплатна правна помош во Битола

Скопје, 25 авгусат 2023 (МИА) - Во Битола денеска ќе се одржи промотивна кампања за бесплатна правна помош. Целта е граѓаните, посебно ранливите категории, да се информираат за овој вид услуга - како можат да најдат бесплатна правна помош и кои институции/организации ја даваат. Во општините Новаци и Могила, пак, ќе бидат отворени нови канцеларии за бесплатна правна помош.

Во рамки на кампањата, граѓаните ќе имаат можност да им постават прашања на експерти од оваа област и да добијат одговори, како и да добијат лесно разбирливи информативни материјали за конкретните теми за кои може да се побара и да се добие бесплатна правна помош, вклучувајќи семејно насилство, имотни прашања, дискриминација и социјална заштита,...

Промоцијата е дел од серијата активности за подигање на свеста за бесплатната правна помош, поддржани од ЕУ и Советот на Европа во соработка со Министерството за правда.

Оваа иницијатива е организирана во рамки на проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“, дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален Инструмент III за Западен Балкан и Турција“. мч/лв/

фото: МИА архива

Остани поврзан