• понеделник, 23 декември 2024

Интернационална конвенција за тетовирање „Skopje Tattoo Show 2024“

Интернационална конвенција за тетовирање „Skopje Tattoo Show 2024“

Скопје, 12 октомври 2024 (МИА) - Во „Skopje Event Center“ денеска и утре ќе се одржи втората интернационална конвенција за тетовирање „Skopje Tattoo Show 2024“.

-„Skopje Tattoo Show“ ќе биде место каде што ќе се слави различноста, креативноста и уметничкото изразување преку тетовирањето - форма на уметност која има долга историја и различни културни значења низ светот. Од традиционалните тетоважи до авангардните и модерни стилови, овој настан ќе понуди по нешто за сите љубители на визуелната уметност и оние кои го препознаваат значењето на телото како платно за креативно изразување. Настанот ќе ги обедини некои од најдобрите тату артисти од регионот и пошироко, претворајќи го градот во вистинска уметничка галерија, соопштија организаторите.

Како што е најавено, освен тетовирањето, програмата ќе биде збогатена и со одржување на работилници, семинари, воркшопови, панел дискусии и демонстрации во живо, кои ќе овозможат интеракција меѓу публиката и уметниците.

Настанот е од компетитивен карактер. Исто така, на конвенцијата ќе има и музички настапи на THCF, Fire Show, Sarah Mace, Mario Arsov, Oky Doky, Soul Case, Bazel, Mongo & Omaru, Vaso, Chvare, Shorty P, Flooder и Pole People. бт/нд/

Фото: плакат

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан