• вторник, 08 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Институтот за македонски јазик ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Институтот за македонски јазик ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Скопје, 21 февруари 2023 (МИА) - Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. 

На настанот организиран по тој повод најавени се обраќања на директорката на Институтот Елена Јованова-Грујовска, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и на ректорот на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски.

Во рамки на настанот ќе има дел посветен на Крсте Мисирков и на поезијата на Ацо Шопов. бак/вг/

Остани поврзан