• петок, 05 декември 2025

Изложба и панел-дискусија „Да ја доближиме правдата поблиску до граѓаните и граѓанките!“

Изложба и панел-дискусија „Да ја доближиме правдата поблиску до граѓаните и граѓанките!“

Скопје, 20 ноември 2025 (МИА) - Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, со поддршка на ЕУ денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе организира јавен настан по повод Европскиот ден на правдата.

Целта, како што информира организаторот, е да се истакне важноста од обезбедување еднаков пристап до правдата за сите, преку унапредување на почитувањето на човековите права и борбата против омразата и нетолеранцијата.

Според програмата, преку видео порака ќе се обрати заменик генералниот секретар на Советот на Европа Бјорн Берге, министерот за правда Игор Филков, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, директорот во Директоратот за мултилатерални односи и безбедносна соработка при Министерство за надворешни работи и надворешна трговија Кире Илиоски, заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија Бен Нупнау и претседателот на Адвокатската комора Љубомир Михајловски.

За време на настанот ќе бидат објавени победниците од натпреварот за цртежи и есеи „Да ја доближиме правдата до граѓаните и граѓанките!“.

Оваа активност е организирана во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“, иницијатива за соработка чија цел е да им помогне на корисниците во Западен Балкан и Турција да се усогласат со европските стандарди. мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан