• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Завршен настан за проектот „Унапредување на системски недостатоци – Поддршка на реформите во системот за заштита на деца“

Завршен настан за проектот „Унапредување на системски недостатоци – Поддршка на реформите во системот за заштита на деца“

Скопје, 26 март 2025 (МИА) - Завршен настан за проектот „Унапредување на системските недостатоци – поддршка на реформите на системот за заштита на деца“, ќе се одржи денеска во Скопје. СОС Детско село Северна Македонија со настанов успешна ја заокружува оваа иницијатива што започна кон крајот на 2021 година.

Како што наведуваат организаторите, во соработка со националните и локалните институции за социјалната заштита на децата, проектот придонесе, меѓу другото, да се регрутираат нови згрижувачки семејства и да се воведат нови, современи методологии за стручна работа и поддршка на децата и семејствата во социјален ризик.

-Освен во Македонија, проектот беше спроведуван и во Албанија, Белорусија, Ерменија и Украина, што овозможи размена на искуства и добри практики. Средствата за спроведување на проектот беа обезбедени од германското Сојузно министерство за економски развој и соработка.

На настанот најавени се обраќања на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, раководителот за односи со јавност и култура при Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје Кевин Маас и националната директорка на СОС Детско село Северна Македонија Јулијана Гапо. 

Гости на настанот се дел од сродни институции од Украина и од Албанија. вг/са/

Фото: МИА Архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан