• среда, 25 декември 2024

Доделување на наградата „Пегаз“ за 2022 и промоција на победничкиот роман „Зелениот дворец“ од Сибо

Доделување на наградата „Пегаз“ за 2022 и промоција на победничкиот роман „Зелениот дворец“ од Сибо

Скопје, 26 април 2023 (МИА) - Свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2022 година и промоцијата на победничкиот роман – „Зелениот дворец“ од авторот Сибо ќе се одржат вечер, со почеток во 19 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје.

На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман ќе се обратат членовите на жирито во состав: Владимир Јанковски (писател и добитник на наградата „Роман на годината“ за 2020 година), Елизабета Баковска (писателка и книжевна теоретичарка) и Бисера Бендевска (уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“). Промотор на книгата ќе биде писателката Јана Мишо.На четвртото издание на книжевната награда за најдобар необјавен роман на годината – „Пегаз“, што ја организираат издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ се пријавија и учествуваа 38 ракописи. Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција.

Покрај победничкиот роман, во најтесниот избор за наградата „Пегаз“ за 2022 година беа разгледани и ракописите: „Писма од лудница“ од Срѓан Ивановиќ, „Мртва коска“ од Димче Парталоски и „Есента во животот на професорот по марксизам“ од Моџо Килингтон.Романот „Зелениот дворец“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, наскоро ќе биде достапен во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk, а ќе може да се набави и на промотивниот настан во Младинскиот културен центар. мд/са/

Фото: Фејсбук „Арс Ламина“ 

Остани поврзан