• среда, 25 декември 2024

Дискусија за Планот за развој на Западен Балкан

Дискусија за Планот за развој на Западен Балкан

Скопје, 21 декември 2023 (МИА) - Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје денеска организира  дискусија за Планот за развој на Западен Балкан презентиран од Европската комисија, насловена „Growth Plan for the Western Balkans: How to make it work for all?“

-На настанот ќе се разговара за тоа како овој план ќе го поддржи развојот на рамката за економско управување и да ги доведе земјите кандидати од Западен Балкан да ги исполнат економските критериуми во процесот на пристапување. Настанот ќе ги собере креаторите на политиките и претставниците на граѓанското општество, академската заедница и бизнис-секторот за да размислуваат за овие релевантни прашања, наведува ЕПИ. хс/лв/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан