Директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Лорковски во посета на Собранието
- Директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Артур Лорковски денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија.

Скопје, 10 март 2023 (МИА) - Собранието денеска ќе го посети директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Артур Лорковски.
Како што информираат од собраниската прес-служба, Лорковски ќе учествува на состанок со Комисијата за економски прашања, на кој ќе биде презентиран Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската заедница во Република Северна Македонија. фф/сп/
Фото: МИА Архива