• понеделник, 23 декември 2024

Дизајнери и занаетчии ќе учествуваат на „Лаб дизајн маркет“

Дизајнери и занаетчии ќе учествуваат на „Лаб дизајн маркет“

Скопје, 28 февруари 2024 (МИА) - Во „Лабораториум“ денеска ќе биде отворен „Лаб дизајн маркет“ -  изложбен салон и заедница на дизајнери и занаетчии од Северна Македонија, кој ќе работи од вторник до сабота од 12 до 18 часот.

-Идејата на маркетот е да им се понуди на македонските дизајнери најдобриот начин на поддршка, а тоа е продажба на нивните производи, директно во маркетот и на интернет-продавницата. Со основањето се очекува да се створи заедница меѓу дизајнерите од која ќе зајакне локалната дизајнерска сцена, ќе произлезат соработки и заеднички ќе се делува на подобрување на довербата на клиентите во македонскиот дизајн, соопшти „Лабораториум“.

„Лабораториум“ објави повик за учество на маркетот до дизајнери и занаетчии кои изработуваат производи и нудат услуги во областа на текстилот, накитот, модните додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, за домот, осветлување итн. со фокус на рачната изработка, одржливоста, еколошкото и етичко производство.

За учесниците на маркетот одлучи стручна комисија која ги разгледа апликациите на кандидатите. Проектот е поддржан од „Fashion Revolution Macedonia“. хс/са/

Фото: „Лабораториум“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан