• сабота, 23 ноември 2024

Денот на европското културно наследство ќе се одбележи во Музејот на Народната банка

Денот на европското културно наследство ќе се одбележи во Музејот на Народната банка

Скопје, 28 септември 2024 (МИА) - Музејот на Народната банка се приклучува кон манифестацијата за одбележување на Денот на европското културно наследство во организација на Советот на Европа и Министерството за култура и денеска од 10 до 16 часот ќе биде отворен за јавноста.

За време на отворениот ден во Музејот на Народната банка ќе се одржи и работилница насловена „Уметноста создава уметност“ на која стрип-цртачите од Здружението за промовирање на стрип-културата „Макстрипови“ ќе креираат дела инспирирани од збирката монети изложени во Музејот. хс/са/

Фото: Музеј на Народната банка

 

Остани поврзан