• сабота, 23 ноември 2024

Дебата „Дигитална трансформација на граѓанските организации”

Дебата „Дигитална трансформација на граѓанските организации”

Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) - Во организација на Граѓанскиот ресурсен центар, денеска на платформата „Зум“ ќе се одржи дебата „Дигитална трансформација на граѓанските организации“.

Како што соопштија организаторите, целта на настанот е да се отвори дискусија за важноста на дигитализацијата и да се презентираат и продискутираат начините на кои граѓанските организации можат да ги применат дигиталните алатки за да го подобрат своето работење, транспарентност и влијание.

На настанот ќе бидат презентирани и успешни примери за дигитална трансформација во граѓанскиот и во јавниот сектор, примери за успешни дигитални решенија и социјални иновации имплементирани во Македонија, и нивното влијание за внесување значителни промени.

Настанот ќе го отворат Валентина Величковска, извршна директорка на Граѓански ресурсен центар и Анита Гаговска Тренчевска, регионален експерт за југозападен плански регион во рамки на проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2”.бт/са/

Фото: Граѓански ресурсен центар

Остани поврзан