• петок, 08 ноември 2024

Промоција на проект за бесплатна правна помош имплементиран од Советот на Европа

Промоција на проект за бесплатна правна помош имплементиран од Советот на Европа

Тетово, 18 октомври 2023 (МИА) - Во Тетово денеска ќе биде промовиран проект за бесплатна правна помош, со цел граѓаните да се информираат за бесплатната правна помош, како и да се осигури подобра искористеност и пристап до овие услуги. 

Оваа промоција е дел од серијата активности за подигање на свеста, поддржани од Европската Унија и Советот на Европа во соработка со Министерството за правда, што ќе се одржат во различни региони во државата со цел е да се промовира користењето на бесплатната правна помош, со посебен осврт на ранливите категории.

- Јавните промоции ќе допрат до разни локални заедници за да им дадат детални информации на граѓаните за тоа каде и како можат да најдат бесплатна правна помош и кои институции/организации ја даваат. За време на настанот, учесниците ќе имаат можност да им постават прашања на експерти од областа и да добијат одговори, како и да добијат лесно разбирливи информативни материјали за конкретните теми за коишто може да се побара и добие бесплатна правна помош, вклучувајќи семејно насилство, имотни прашања, дискриминација и социјална заштита, итн, соопштија од Министерството за правда.

Оваа иницијатива е организирана во рамките на проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“, дел од заедничката програма на Европска Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент III за Западен Балкан и Турција“. цр/хс/

Фото: Министерство за правда

Остани поврзан