• четврток, 26 декември 2024

Во Собранието седница на Комисијата за образование, наука и спорт

Во Собранието седница на Комисијата за образование, наука и спорт

Скопје, 2 февруари 2024 (МИА) - Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за образование, наука и спорт. 

Членовите на Комисијата ќе расправаат за Статутарната одлука за изменување на Статутот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид ( I Фаза), Извештајот на ректорот за работата на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид мај 2022 - мај 2023, Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, Извештајот на ректорот за работата на Универзитетот „ Мајка Тереза“ во Скопје за периодот мај 2022 - април 2023 година и Годишниот извештај за работата на ректорот на Универзитет „ Гоце Делчев " - Штип за периодот 2022-2023 година.фф/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан