• сабота, 23 ноември 2024

Во Салон 19:19 изведба на песната „Збогум младост моја“ посветена на Влада Дивљан

Во Салон 19:19 изведба на песната „Збогум младост моја“ посветена на Влада Дивљан

Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) - Во Салон 19:19 во Скопје вечер премиерно ќе биде изведена песната „Збогум младост моја“, по текст и композиција на Александар Прокопиев а во изведба на Бранислав Николов, Гоце Јованоски и Александар Прокопиев. 

Како што е најавено, покрај песната ќе бидат изведени и песните од „Пијан Славеј“ и неколку песни од проектот „Реобмислување“.

Збогум младост моја“ е посвета на Влада Дивљан, фронтменот на групата „Идоли“, со кого Александар Прокопиев свирел заедно во неговата белградска фаза. Песната дури и е изведена, во осумдесеттите, на живи свирки во Белград, а сега, со македонски текст, повторно снимена во Битола и дел во „Алшар“ во Скопје. Песната е во издание на „Прозарт медиа“.бт/са/

Фото: плакат

 

 

Остани поврзан