• понеделник, 22 јули 2024

Во Кисела Вода тридневен Новогодишен караван со Дедо Мраз

Во Кисела Вода тридневен Новогодишен караван со Дедо Мраз

Скопје, 27 декември 2023 (МИА) - Општина Кисела Вода организира тридневен Новогодишен караван со Дедо Мраз, почнувајќи од денеска, со пристигнување на Дедо Мраз во Паркот на бранителите во Драчево, во 10 часот.

- Новогодишниот караван со Дедо Мраз ќе патува низ целата општина во текот на три дена во кои сите дечиња добијат пакетчиња, а настанот ќе биде дополнет со многу музика и забава, известуваат од општината.

Во четврток, во 10 часот тој ќе биде пред Домот на култура „Билјана Беличанец“, од каде ќе се упати во градинките да ги израдува најмалите, а петокот е резервиран за двочасовна забава во паркот во Расадник.

На 29 декември, во 12 часот, со детска претстава, почнува големиот хепенинг за децата од Кисела Вода, а во 12:40 со свој концерт ќе настапат „Поточиња“.

Во 13:30 ќе публиката ќе ја забавува Сара Мејс и „Данса Латина Стефи“ со заеднички настап, а за во 13:45 најавени се Пајак и Лара.

На крајот од хепенингот, Дедо Мраз ќе подели пакетчиња за сите деца. ир/са/

 

Фото: Општина Кисела Вода

 

Остани поврзан