• недела, 21 јули 2024

Велешкиот театар ќе го објави добитникот на наградата „Петре Прличко" за 2024 година

Велешкиот театар ќе го објави добитникот на наградата „Петре Прличко

Скопје, 12 март 2024 (МИА) -  Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ денеска ќе го објави добитникот на наградата за животно дело „Петре Прличко" за 2024 година.

На прес - коференција што ќе се одржи во фоајето на тетарот, најавени се обраќања на градоначалникот на Велес Марко Колев, директорот на установата Сашо Димоски,  режисерот Ненад Витанов и актерите Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски.

Од театарот најавуваат дека ќе ја објават програмата за третото издание на Фестивалот на популарни претстави „5РЕ" и ќе информираат за првата премиера на Џинот за 2024 година  „Вечера за глупаци". вг/лв/

Фото: МИА Архива



 



Остани поврзан