Без вода корисниците од „8-ми Септември“ до „Франклин Рузвелт“
- Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од лоцирани на десната страна на потегот од бул. „8-ми Септември до „Франклин Рузвелт“ во Општина Карпош.
Скопје, 1 октомври 2025 (МИА) - Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците лоцирани на десната страна на потегот од бул. „8-ми Септември“ до „Франклин Рузвелт“ во Општина Карпош.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот со водоснабдување е поради дефект на приклучна цевка на бул. „Партизански Одреди“ бр. 59 а.
Водоснабдувањето во овие населени места ќе биде прекинато до завршување со работните активности. фф/са/
Фото: МИА Архива