Без вода скопските улици „Борка Талевски“, „Никола Тримпаре“ и „Дебарца“
- Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат корисниците од улиците „Борка Талевски“, „Никола Тримпаре“ и „Дебарца“ во Општина Карпош.
Скопје, 5 јуни 2025 (МИА) - Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат корисниците од улиците „Борка Талевски“, „Никола Тримпаре“ и „Дебарца“ во Општина Карпош.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради водоводен приклучок од ф 80мм на ул. „Борка Талевски“ бр.3.
Водоснабдувањето во овие населени места ќе биде прекинато до завршување со работните активности. фф/дма/
Фото: МИА архива