Скопје домаќин на 71. избор на „Спортисти на годината 2025“
- На оваа традиционална спортска манифестација ќе бидат прогласени и наградени најуспешните македонски спортисти, тренери, спортски тимови и репрезентации и национални спортски федерации за 2025 година, во девет категории.
Скопје, 29 јануари 2026 (МИА) - Во Националната опера и балет во Скопје вечерва ќе биде одржано 71. издание на изборот „Спортисти на годината 2025“.
На оваа традиционална спортска манифестација ќе бидат прогласени и наградени најуспешните македонски спортисти, тренери, спортски тимови и репрезентации и национални спортски федерации за 2025 година, во девет категории.
Во рамките на настанот ќе се одржи и доделување 500 стипендии „Спортска надеж“, наменети за млади, талентирани македонски спортисти - репрезентативци во разни спортови и категории, како континуирана поддршка од државата за нивниот спортски развој и напредок.
Манифестацијата е во организација на Министерството за спорт и Сојузот на спортските федерации на Македонија.ар/са/
Фото: Министерство за спорт