Прекинато водоснабдување за дел од корисниците на ул. Перо Наков бб
- Дел од корисниците од ул. Перо Наков бб, на потегот од бул. Киро Глигоров до МЗТ денеска од 09:00 часот ќе имаат прекинато водоснабдување, соопшти регионалниот Центарот за управување со кризи - Скопје.

Скопје, 21 јуни 2023 (МИА) - Дел од корисниците од ул. Перо Наков бб, на потегот од бул. Киро Глигоров до МЗТ денеска од 09:00 часот ќе имаат прекинато водоснабдување, соопшти регионалниот Центар за управување со кризи - Скопје.
ЈП Водовод и Канализација го известил Центарот дека прекинот е поради дефект на затворач 250 мм на ул. Перо Наков бб.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. ац/бак/