• четврток, 26 декември 2024

Презентација на анализа на ИДСЦС за изградбата на коридорите 8 и 10д

Презентација на анализа на ИДСЦС за изградбата на коридорите 8 и 10д

Скопје, 5 септември 2023 (МИА) - Наодите од анализата на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), која се фокусира на системските пропусти поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д ќе бидат презентирани денеска во Скопје.
 
На настанот, како што најавуваат организаторите ќе се дискутира за пропустите во постапката за избор на компанија за надзор врз изградбата на автопатиштата од коридорите 8 и 10д, како и пропустите при склучување на договорот помеѓу Владата и конзорциумот „Бехтел Енка“ за изградба на автопатиштата.
 
За време на дискусијата, Миша Поповиќ, раководител на центар и постар истражувач во ИДСЦС ќе ги презентира наодите од анализата, а потоа ќе се обратат Александар Димитриевски, новинар во 360 Степени и Фросина Димеска, новинарка во Призма со нивна рефлексија на случајот.
 
Настанот е организиран како дел од проектот „Поттикнување на јавната дебата за антикорупција“ кој цели кон поддржување на реформскиот процес во Северна Македонија преку зајакнување на реформската агенда во областа на владеењето на правото, а за остварувањето на оваа цел проектот предвидува соработка и консултација со сите релевантни чинители. Проектот е поддржан од Националниот фонд за демократија. ац/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан