• вторник, 24 декември 2024

Одбележување на Светскиот ден за борба против опустинувањето и сушите

Одбележување на Светскиот ден за борба против опустинувањето и сушите

Скопје, 17 јуни 2023 (МИА) - Министерството за животна средина и просторно планирање денеска со почеток од 10:00 часот организира настан за одбележување на Светскиот ден за борба против опустинувањето и сушите. Настанот на тема „Нејзината земја, нејзините права“ претставува прилика да им оддадеме почит на неверојатните жени херои кои практикуват одржливо земјоделство и на нивната витална улога во борбата против деградацијата на земјиштето ширум светот.

- Настанот „Светски ден за борба против опустинувањето и сушите“ ќе послужи како платформа за прикажување на достигнувањата и придонесите на овие извонредни жени. Присутните ќе имаат можност да се запознаат со овие инспиративни жени и да слушнат за нивните искуства. Покрај тоа, широк спектар на одржливи земјоделски производи ќе бидат достапни за дегустација, обезбедувајќи уникатно  искуство за сите учесници. А за време на настанот учесниците ќе имаат можност да добијат и симболичен подарок, се вели во соопштението на МЖСПП.

Настан ќе се одржи во Градски парк Скопје - Вембли пред стадионот, а се организира во соработка со Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) и Националната федерација на фармери, во соработка со Центарот за климатски промени. сх/сп/

Фото: МЖСПП

Остани поврзан