• понеделник, 23 декември 2024

Концерт на „Чалгија саунд систем“ вечерва во Јавна Соба

Концерт на „Чалгија саунд систем“ вечерва во Јавна Соба

Скопје, 9 март 2024 (МИА) - Групата „Чалгија саунд систем“ вечерва настапува во Јавна Соба, со почеток во 21:00 часот. Ова е четврти по ред концерт во рамките на „Светско, а наше – Саботи на светска музика“ чиј организатор е Јавна Соба.

- „Чалгија саунд систем“ е бенд кој уште од почетокот наиде на одличен прием во Македонија остварувајќи со тоа огромен број концертни настапи насекаде. Но „Чалгија саунд систем“ ги пренесува звуците на чалгијата и низ светот, одржувајќи концерти во Турција, Грција, Србија, како и на еден од најголемите фестивали на музика на светот во Рудлштад, Германија каде во 2022 година ја делеше сцената со најголемите ѕвезди на балканските и светските простори, што од жанрот ворлд музика, што од рокенрол фелата. Своето албумско деби во 2010 година со истоимен албум во кој беа без никакво двоумење отсвирени и отпеaни некои од најубавите македонски чалгиски песни, а во 2019 година бендот го издаде својот втор албум „Тихувај”,  информираат организаторите.

Групата ја сочинуваат вокалистката Добрила Грашеска, на виолина свири Александра Кузман, на ут Дориан Јовановиќ, Бошко Мангаровски – канон и Филип Крстевски – перкусии. ир/нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан