• вторник, 24 декември 2024

Ковачевски ќе учествува на Талинскиот дигитален самит 2023

Ковачевски ќе учествува на  Талинскиот дигитален самит 2023

Скопје, 5 септември 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе учествува на Талинскиот дигитален самит 2023 во Естонија, соопшти Владата.

Ковачевски ќе се обрати на отворањето на Самитот, каде ќе учествуваат лидери на држави, претставници на ЕУ, телекомуникациски и тех компании и граѓански организации.

Клучните теми на кои ќе се разговара на Талински дигитален самит 2023 се предизвиците и можностите во дигиталната ера, како и освежување на агендата на демократијата и технологијата, исцртувајќи го патот кон посилна отпорна, респонзивна и отворена иднина. Целта на Самитот е суштински придонес кон глобалниот дискурс околу градењето на отпорни модерни демократии, се наведува во владиното соопштение.

Во рамки на учеството на Самитот, предвидено е Ковачевски да оствари билатерална средба со премиерката на Естонија, Каја Калас. ац/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан