Здружението „Василичарите од Боемска“ со хуманитарно дружење по повод празникот Василица
- Здружението на граѓани за негување на традицијата и хуманитарни вредности „Василичарите од Боемска“ денеска со почеток во 13:30 часот организираат хуманитарно дружење на Боемска улица во Дебар Маало по повод празникот Василица.

Скопје, 14 јануари 2023 (МИА) - Здружението на граѓани за негување на традицијата и хуманитарни вредности „Василичарите од Боемска“ денеска со почеток во 13:30 часот организираат хуманитарно дружење на Боемска улица во Дебар Маало, по повод празникот Василица.
Како што информираат од Здружението, сите средства собрани од продажбата на македонските традиционални јадења, како и греана ракија, греано вино и друго, ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства.
-Дојдете заедно да помогнеме на оние на кои им е најпотребно. Во духот на празниците, да си помагаме, да бидеме солидарни и хумани, се вели во нивното соопштение. сх/цр
Фото: Фејсбук