• сабота, 21 декември 2024

Завршна конференција за ефективни служби по медицината на трудот

Завршна конференција за ефективни служби по медицината на трудот

Скопје, 5 септември 2023 (МИА) - Завршна конференција на Slovak Aid Проектот: „Градење на ефективни капацитети на државната администрација за контрола на службите по медицина на трудот во Србија и Северна Македонија ќе се одржи денеска во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје.

На настанот воведни обраќања ќе имаат директорот на ЈЗУ Институт за медицина на трудот на Северна Македонија, Рами Ќерими, директорот на српскиот Институт, Александар Миловановиќ, словачкиот амбасадор, Хенрик Маркуш и професорката од македонскиот Институт, Јованка Бислимовска.

Проектот е соработка меѓу Институт за медицина на трудот на Северна Македонија, СЗО Колаборативниот центар - Скопје и Институтот за медицина на трудот „Др Драгомир Карајовиќ - Белград.

Проектот, како што се наведува во соопштението на Институтот за медицината на трудот е реализиран со финансиска поддршка од Slovak Aid - Slovak Agency for International Development Cooperation, а во партнерство со Регионалната Агенција за развој Senec-Pezinok, Братислава. ац/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан