• сабота, 23 ноември 2024

Греено вино денеска на градскиот плоштад во Кавадарци

Греено вино денеска на градскиот плоштад во Кавадарци

Кавадарци, 27 декември 2023 (МИА) – Греено вино денеска ќе се точи и ќе се пие на градскиот плоштад во Кавадарци. Настанот ќе има хуманитарна цел, собраните финансиски средства ќе се донираат во кавадаречката Банка за храна.

- На градскиот плоштад во Кавадарци со почеток од 16 часот, на иницијатива од МGB (Macedonia greenest bottles), со помош на општина Кавадарци, ќе се одржи хуманитарен настан. Со секоја купена чаша греено вино, подготвено по австриски рецепт, направено со кавадаречко вино од семејните тиквешки винарии, директно се донира во Банка за храна Кавадарци. Целта е да се направат побогати и повесели празниците на оние кои имаат потреба од помош, соопштија организаторите на настанот.

Беше упатен апел за поддршка на оние кои имаат неопходност од неа. Настанот е дел од предновогодишната програма на Општината, на чија агенда се многубројни активности. свд/ир/

Фото: МИА

Остани поврзан