• вторник, 21 април 2026

Во Скопје се одржува македонско-казахстански бизнис-форум посветен на унапредување на економската соработка меѓу двете држави

Во Скопје се одржува македонско-казахстански бизнис-форум посветен на унапредување на економската соработка меѓу двете држави

Скопје, 20 април 2026 (МИА) - Македонско-казахстански бизнис-форум, посветен на унапредување на економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Казахстан ќе се одржи денеска во Скопје, соопшти Стопанската комора на С. Македонија.

Настанот ќе се одржи во просториите на Комората со почеток во 11:.0 часот. 

Во рамките на настанот ќе бидат потпишани договор за основање бизнис-совет помеѓу Комората за меѓународна трговија на Казахстан и Стопанската комора на Северна Македонија и меморандум за соработка помеѓу Центарот за развој на трговска политика QazTrade и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

Казахстанската бизнис-делегација е предводена од министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев, кој е во работна посета на земјата. ац/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан