Началник на естонското разузнавање: НАТО мора да има план за одвраќање на Русија во следните 20 години
- НАТО ќе мора да се фокусира на одвраќање на Русија во следните 10 до 20 години, изјави Каупо Росин, генералниот директор на естонското разузнавање.

Талин, 19 декември 2024 (МИА) - НАТО ќе мора да се фокусира на одвраќање на Русија во следните 10 до 20 години, изјави Каупо Росин, генералниот директор на естонското разузнавање.
Естонија, која се граничи со Русија и е членка на НАТО, го удвои буџетот за одбрана од почетокот на војната во Украина, достигнувајќи 3,4 отсто од БДП оваа година. Земјата исто така ќе ги зголеми даноците за да го зголеми складирањето на муниција.
- Главната задача на НАТО во следните две децении ќе биде да ја спречи Русија да има 'глупави идеи' за воени напади врз Западот, рече Росин.
Иако Русија постојано негира дека има намера да нападне членка на НАТО, неодамна рускиот министер за одбрана изјави дека Москва мора да биде подготвена за конфликт со НАТО во Европа во следната деценија.
Росин истакна дека воените планови на НАТО треба да бидат реални и поддржани со вистински ресурси, вклучувајќи трупи на терен, поддржувачки единици и муниција.
Началникот на естонското разузнавање предупреди и за ризиците од кинеските технологии, кои, според него, би можеле да бидат користени за изнуда во иднина. ссм/
фото: архива