Началникот на јужнокорејската војска понуди оставка поради улогата во краткотрајната воена состојба
- Началникот на јужнокорејската армија, генерал Пак Ан-су, кој за кратко беше задолжен за надгледување на воената состојба прогласено од претседателот Јун Сук-јол, понуди оставка, соопшти агенцијата Јонхап.
Сеул, 5 декември 2024 (МИА) - Началникот на јужнокорејската армија, генерал Пак Ан-су, кој за кратко беше задолжен за надгледување на воената состојба прогласено од претседателот Јун Сук-јол, понуди оставка, соопшти агенцијата Јонхап.
Според јужнокорејскиот закон, командантот на воената состојба го назначува претседателот по препорака на министерот за одбрана од редовите на активните генерали. Командантот има овластување за сите административни и судски прашања.
Претходно денеска, јужнокорејското Министерство за надворешни работи соопшти дека Сеул останува во тесна координација со САД по прогласувањето на воена состојба во вторникот.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Вашингтон не бил однапред известен за одлуката на Јун, додека заменик-државниот секретар Курт Кембел оцени дека одлуката е „проблематична и нелегитимна“. ссм/
фото: архива