• четврток, 26 декември 2024

Националниот Ромски Центар одржа годишно собрание

Националниот Ромски Центар одржа годишно собрание
Куманово, 3 март 2023 (МИА) - Националниот Ромски Центар (НРЦ) ќе продолжи да работи на подигање на меѓуетничката толеранција во државава, да ги штити сиромашните и ранливите категории граѓани, изјави на денешната прес-конференција, извршниот директор на здружението, Ашмет Елезовски.
 
НРЦ денеска одржа годишно собрание и прес-конференција на која беа презентирани проектите за заштита на подобрување на здравствената заштита на жените, правната поддршка за ранливите. НРЦ постојано работи и на полето на образованието. Нивни членови, млади Роми и Ромки веќе станаа лекари, но дел од нив, како што соопшти Елезовски заминале на работа во странство.

-Продолжуваме со проекти за подобрување на тешката ситуација на живеењето на сите граѓани за враќање на довербата, почитувањето, мирот и стабилноста се со цел поефикасно да се исполнат обврските за влез во ЕУ, изјави Елезовски.

Здружението годинава продолжува со поддршка на образованието преку Еразмус +, проектот „Нуркање во дијалог“ во кој се вклучени професори од Куманово со Универзитетот од Барселона, Шпанија и партнерско учество од организации со свои професори од основно и средно образование од Холандија, Словенија, Унгарија и Универзитетот од Барселона, Шпанија.

И Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ги поддржа НРЦ преку проектот „Во различноста е убавината“, со активности за меѓуетничка толеранција и вреднување на различностите. ам/дма/
 
Фото:МИА

Остани поврзан