• среда, 20 ноември 2024

Национална мрежа против хомофобија и трансфобија: Очекуваме безбеден Скопје Прајд на кој ќе го искажеме нашиот протест

Национална мрежа против хомофобија и трансфобија: Очекуваме безбеден Скопје Прајд на кој ќе го искажеме нашиот протест
Скопје, 11 јуни 2022 (МИА) - Љубовта е единствено нешто што може да го искористиме како алатка да го победиме насилството под кое се изложени разлилчните, дури кога и за другите владее мирот. Затоа што никој не смее да биде лишен од правото да сака или пак да биде прогонуван поради тоа што нивната љубов не е нормирана или под законот. Па затоа, заради тоа што љубовта мора да победи, повикуваме да излеземе за љубов, истакнаа од Национална мрежа против хомофобија и трансфобија на денешната прес-конференција за претстојниот Скопје Прајд. Имено, годинашното издание на Скопје Прајд ќе се одржи во последната сабота од јуни, на 25-ти, под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.“ Оваа година поради временските услови, собирањето за Прајдот ќе биде во 17 часот во Жена парк, а маршот низ улиците во Скопје ќе започне во 19:30 се до Стадионот на АРМ, каде ќе има и музичка програма. Организаторите очекуваат безбеден марш, бидејќи, како што посочија на прес-конференцијата, оваа година имаат одлична соработка со МВР. - Повторно ќе има еден безбеден Прајд каде сите што ќе дојдат ќе може да се чувствуваат безбедно и ќе можат да се борат за тоа што мислат дека е важно и да ни се придружат. На Скопје Прајд, годинава, како и секоја година, ги славиме сексуалниот и родовиот диверзитет и ја промовираме квир културата, нагласија од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Додадоа дека преку менханизмите кои како невладини организации ги имаат од претходно, мониторираат на дневно ниво говор на омраза и најавија оти ќе го забележуваат секој говор на омраза и ќе го известуваат Одделението за електронски криминал во МВР, се со цел, како што посочија, заедно со МВР што повеќе да работат на делот од безбедноста кој е најважен, а тоа е превенцијата. - Очекуваме безбеден Прајд со кој ќе го искажеме нашиот протест, ќе ги истакнеме работите кои ние ги бараме како заедница и на крај да ја прославиме различноста и сето она што не прави убава шарена заедница, посочија организаторите. Тие потенцираа дека е очигледна потребата се уште да го развиваат и практикуваат овој концепт на протест и на видливост. мс/нд/        

Остани поврзан