• вторник, 24 декември 2024

Национална конференција „Културното наследство помеѓу туризмот и идентитетот“ во Штип

Национална конференција „Културното наследство помеѓу туризмот и идентитетот“ во Штип

Скопје, 20 март 2024 (МИА) - Во организација на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, денеска во Штип ќе се одржи Националната конференција „Културното наследство помеѓу туризмот и идентитетот“.

Конференцијата е по повод 22 март и првото македонско нематеријално културно наследство, штипскиот обичај „Четрсе“ кој е впишан во листата на светското нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

На конференцијата,што ќе се одржи во свечената сала на Земјоделскиот факултет (Кампус 2), ќе се обратат градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, проректорот на Универзитетот  „Гоце Делчев“ - Штип Мишко Џидров, деканот на Факултетот за туризам и бизнис логистика Татјана Бошков и претседателот на Институтот за културно наследство, Љубен Тевдовски. дма/мд/

Фото: Плакат

Остани поврзан